|
Совети |
Совети за заштеда на вода во домот
-
еден ученик троши од 2 -15 литри вода на ден
-
за миење раце се трошат од 2-5 литри вода
-
Исклучувајте ја водата додека ги четкате забите или се бричите, бидејќи за едно четкање заби со пуштена вода се трошат и до 30 литри а за бричење и до 60 литри.
Туширање
-
Капење во када годи, но нашиот туш подобро освежува и се заштедува 100 литри вода во однос на капење во када.
-
за едно туширање се трошат од 40-80 литри вода
-
исклучувајте ја водата за време на туширање додека се сапунирате бидејќи во спротивно се трошат и до 80 литри за едно туширање.
-
набавете туш кабина која ќе ви заштеди и до 400 литри неделно за туширање во однос на голема када
-
кога варите чај, кафе, супа и сл. ставете во садот онолку вода колку што ви е потребно а со тоа ќе заштедите и на електрична енергија
Чешма од која линее
-
затворете ги и проверете ги сите славини бидејќи со обично незначително изливање би изгубиле дури до 100 литри вода неделно која неискористена истекува во канализацијата.
-
Чувајте шише вода во фрижидер за да не чекате при секое полнење на чаша да се излади со изливање
WC Казанче
-
Неисправено казанче дневно троши исто колку и четворочлено семејство, а тоа годишно изнесува 260 метри кубни вода
-
Не користете го тоалетот за исфрлање на пепел од цигара или ситен отпад, со што би заштедиле и до 200 литри неделно.
Оштетени инсталации
-
Обично големите оштетувања се поправаат, зошто ги оштетуваат зидовите но од малите скриени дупчиња на цевките “неказнето“ истекува 1660 метри кубни вода.
Машина за перење алишта и миење садови
-
Во машината за перење може да се регулира количината на вода во согласност со количината на алишта.
-
Вклучувајте ја машината само кога е полна со алишта.
-
Не е вистина дека ако користиме машина за садови трошиме повеќе вода од кога ги миеме рачно, но точно е дека ако машината е полупразна троши иста количина вода и струја како и кога е полна.
Полевање на зелени површини
-
Ако зелените површини се полеваат навечер а не наутро корисно е и за растенијата и за заштеда на водата.
Навечер растенијата многу подобро ја искористуваат водата бидејќи испарувањето е помало.
Уште поголем ефект на штедењеќе се постигне ако градината наместо со црево ја полеваме со вода од канта
(така ќе потрошиме 5-10 литри на метар квадратен) а ќе заштедиме 100-200 литри.
Миење кола
-
Дека и на мали нешта може да се заштеди зборува податокот дека ако вашиот автомобол го миете со вода од кофа,
а не со црево, наместо 100-200 литри ќе потрошите само 20-40 литри вода.
|
|
СООПШТЕНИЕ |
|
АНКЕТА |
|
|
|