Исправност на водата за пиење. Согласно Правилникот за безбедноста на водата за пиење (Сл.весник 46/2008 год.) се врши контрола на здравствената исправност на водата од две јавни установи на Р.М. и тоа:
1. Од Републички завод за здравствена за заштита – Скопје каде се носат два пати годишно мостри на вода од следните изворишта: Летница, Бунари Студенчишта, Бунари Орман, Билјанини Извори и од Охридско Езеро кај усисната корпа пред Пумпната станица Метропол и од населените места Велгошти, Лескоец и Љубаништа. Мострите се земаат и носат во месец Март и месец Ноември.
За мострите испратени во РЗЗЗ – Скопје се врши за следните параметри:
Голема хемиска анализа за одредување на присуство на токсини и тешки метали, Анализа за присуство на пестициди, Анализа за присуство на радиоактивни елементи
2. Од Центар за Јавно здравје – Охрид согласно Правилникот за здравствена исправност на водата и обезбеденост на водата за пиење во 2013 година ќе се извршат анализи на 780 мостри од Системот за водоснабдување и тоа два пати по 7 мостри во текот на неделата, односно 14 мостри неделно.
На мострите во Центар за Јавно здравје – Охрид се испитуваат следните параметри:
- Основни бактериолошко – хемиски анализи
- Анализа на присуство на резидуален хлор во водата за пиење
Покрај гореспоменатите контроли од двете јавни установи на РМ се прави и трета контрола од страна на вработените во јавното претпријатие. За исправноста на водата се врши секојдневно контрола за присуство на резидуален хлор во водата, од страна на двајца вработени еден технолог – инженер и еден хемиски техничар.
Споменатите стручни лица вршат и најмалку четири пати контрола на водоснабдителните хидроградежни објекти од системот на санитарно - хигиенска исправност, контрола и евиденција на санитарните книшки, а со тоа и здравствената состојба на вработените во водоснабдителните објекти во претпријатието.
Водовод - Охрид ги врши следните основни дејности:
Зафаќање, дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода.
Водата тече од изворите, ја има во подземјето, Охридското Езеро е непресушен извор на слатка вода.
Меѓутоа водата од извориштето до чешмата поминува долг и сложен пат.
По овој пат водата мора:
- Да стигне и до најодалечените локации,
- Да ја има во доволни количини и во секое време на секој што му е потребна, да е здрава и хигиенски исправна.
Овој сложен пат на водата се нарекува водоснабдителен систем и се состои од делови од кои повеќе се (невидливи) за потрошувачот - каптажи, главни доводи, резервоари, водоводна мрежа, лабораторија.
Водата основен извор на живот
Она што е ретко е скапо, Водата како најважна на светот, напротив нема цена
ДИРЕКЦИЈА
ул.Наум Охридски ББ, 6000-Охрид, РСМ
+389 46 250 120
+389 46 250 121
email: javnost@vodovod-ohrid.com.mk
НАПЛАТЕН ЦЕНТАР - КОРЗО
ул. Климентов Универзитет бб, 6000 Охрид
+389 46 254 179