Се известуваат корисниците на ЈП ВОДОВОД Охрид дека поради ниските температури кои ни предстојат во наредниот период, постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење.
Поради тоа потребно е истите да се заштитат, како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша страна.
Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор)
Водовод - Охрид ги врши следните основни дејности:
Зафаќање, дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода.
Водата тече од изворите, ја има во подземјето, Охридското Езеро е непресушен извор на слатка вода.
Меѓутоа водата од извориштето до чешмата поминува долг и сложен пат.
По овој пат водата мора:
- Да стигне и до најодалечените локации,
- Да ја има во доволни количини и во секое време на секој што му е потребна, да е здрава и хигиенски исправна.
Овој сложен пат на водата се нарекува водоснабдителен систем и се состои од делови од кои повеќе се (невидливи) за потрошувачот - каптажи, главни доводи, резервоари, водоводна мрежа, лабораторија.
Водата основен извор на живот
Она што е ретко е скапо, Водата како најважна на светот, напротив нема цена
ДИРЕКЦИЈА
ул.Наум Охридски ББ, 6000-Охрид, РСМ
+389 46 250 120
+389 46 250 121
email: javnost@vodovod-ohrid.com.mk
НАПЛАТЕН ЦЕНТАР - КОРЗО
ул. Климентов Универзитет бб, 6000 Охрид
+389 46 254 179